Власта Димковиќ заменик министер за земјоделство

14.06.2017 08:33 | KumanovoNews

Поранешниот градоначалник на општина Старо Нагоричaне, Власта Димковиќ, е предлог за заменик министер за земјоделство во новата влада на Зоран Заев.

Власта Димковиќ заменик министер за земјоделство

Димковиќ по професија е земјоделски инжинер, а доаѓа како решение од Српската партија во Македонија.

Тој два мандати беше градоначалник на Старо Нагоричане од 2001 до 2009 година, па откако остана без работа се занимаваше со земјоделие во Старо Нагоричане.

 Во партиски кругови, прво се шпекулираше дека Димковиќ ќе биде заменик министер за култура, и дека новата партија на Србите во власта ќе ги завземе местата што и припаѓаа на ДПСМ на Иван Стоилковиќ.

Предлозите за заменици министри се доставени до Собранието и се очекува денеска како дополнителна точка на дневниот ред на седницата да се гласаат, откако премиерот Зоран Заев ќе го образложи предлогот.

(Власта Димковиќ со соработниците од Обединетата српска заедница Куманово на одбележување на битката на Челопечка кула 2010 година. Фото:  Kumanovonews)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk