Влатко Тодоровски втора година по ред го фаќа крстот во Тромеѓа(видео)

19.01.2024 11:52 | Оливера Пешевска

Влатко Тодоровски (20) од Тромеѓа по втор пат успеа да го фати крстот во селото Тромеѓа. Од 12 пријавени лица тој беше најбрз и најсреќен на малото езерце, во центарот на Тромеѓа.

Влатко Тодоровски втора година по ред го фаќа крстот во Тромеѓа(видео)

„Втор пат, последователно го фаќам крстот, откако и минатата година успеав прв да стигнам до него. Затоа и сме кумови на Водици, а ќе бидеме и наредната година, таква среќа ме послужи. Имав успешна среќна и бериќетна година, а се надевам и оваа ќе имам добро здравје и успех, иако нема нешто посебно да се издвои“, истакна Влатко Тодоровски, моментално невработен, член на ФК Победа од Тромеѓа.

Организатор на настанот е токму фудбалскиот клуб Победа, кој на Тодоровски му подари ваучер со вредност од 10 илјади денари, средства обезбедени од приватен спонзор. И црквата „Свети Ѓорѓи“ обезбеди пригодни подароци за најсреќниот.

Фрлањето на крстотот во селото Тромеѓа за прв пат беше одржано минатата година, но има голема популарност. Беа присутни 100- тина лица, кои заедно го прославија празникот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk