Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
Снег со слаб интензитет паѓа во кумановското село Павлешенци, Kрива Паланка, Дебар, Ресен, Ѓавато,Пресека, Железнец, Штип, Сарамзалино, Делчево, Велес, Неготино, Кула и Петровец.
Слаб дожд врне во Удово и Гевгелија. Магла со видливост до 50 м има на Плетвар.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планински превој Стража, Маврово и Ѓавато.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д.Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Синоќа од 23 часот до 1 по полноќ, сообраќајот на автопатот Скопје – Куманово кај клучка Рафинерија, поради извртено тешко моторно возило, беше целосно во прекин за секаков вид на сообраќај.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk