Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец влетал со џип во излог на приватна фирма откако со газдата се степале заради нерасчистени долгови.
Инцидентот се случил вчер во 9.30 часот на ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“, спроти градската болница, во канцеларијата на „Бајер“. Ф.М.(33) од Куманово пристигнал во фирмата и започнал распаравија со сопственикот С.Р.(62) од Куманово, поради нерасчистени должничко-доверителски односи. Караницата прераснала во тепачка во која се вклучиле Б.Ќ. и А.Р., при што на Ф.M. му нанеле видливи повреди по главата и телото. Натепаниот изреволтиран излегол надвор и со своето ПМВ „БМВ Х5“ со охридски регистарски ознаки со предниот дел влетал преку излогот во внатрешноста на објектот. Потоа, роднините, повторно го нападнале удирајќи го со парчиња огревно дрво, а го оштетиле и џипот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. По насоки од Јавен обвинител против сите горенаведени лица ќе бидат поднесени кривични пријави за кривично дело „насилство“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk