ВМРО-ДПМНЕ бара асфалтирање на „Крушевска република„

11.03.2016 11:57 | KumanovoNews

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција побараа од градоначалникот Зоран Дамјановски да ја асфалтира улицата „Крушевска република„, која се наоѓа во близина на Кумановската болница.

ВМРО-ДПМНЕ бара асфалтирање на „Крушевска република„

Според Срѓан Ивановски, по секој дожд калдрмата е во кал иако градоначалникот и СДСМ три пати ветиле дека ќе ја асфалтираат и ќе ги решат комуналните проблеми.

Ве потсетуваме дека заедно со Вашите 12 години неработење, улицата „Крушевска Република“ чека на уредување неполни 72 години по ослободувањето. Таа припаѓа на едно од најстаро урбанизираните подрачја и има непроценливо, а заборавено историско значење, не само поради името коешто го носи, туку и поради спомен-плочата за куќата на курирската база на партизаните, ослободители на Куманово во славната Народноослободителна војна! Во името на граѓаните, од Вас бараме, да ја напуштите празната реторика и од кабинетот да слезете меѓу обичното граѓанство и без одлагање, заедно со администрацијата, во најкус можен рок, да ја уредите улицата „Крушевска Република“ и да ги решите напластените комунални проблеми на овие жители, - додаде Ивановски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk