ВМРО-ДПМНЕ бара казна за сторителите на вандалскиот чин со знамето

31.03.2017 17:20 | KumanovoNews

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува денешниот инцидент во Куманово кога од јарбол беше симнато македонското државно знаме и на негово место беше истакнато албанското.

ВМРО-ДПМНЕ бара казна за сторителите на вандалскиот чин со знамето

  Партијата соопшти дека бара итно откривање и најостро санкционирање на сите сторители на овој вандалски и антидржавен чин со кој што се гази врз македонското национално достоинство.

„ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека тргувањето и преговарањето околу највисоките државни и национални интереси носи огромни потенцијални ризици. Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ укажуваше дека тиранската платформа мора да биде отфрлена и осудена од сите политички чинители, бидејќи ја доведува во опасност иднината на суверена и унитарна Република Македонија. Револтот од таа платформа постојано расте“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk