ВМРО-ДПМНЕ бара мерки за намалување на загаденоста во Куманово

06.02.2017 17:12 | KumanovoNews

ВМРО-ДПМНЕ денеска, уште еднаш, ја обвини локалната администрација и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, дека се одговорни за големата загаденост на градот, а притоа ништо не преземаат.

ВМРО-ДПМНЕ бара мерки за намалување на загаденоста во Куманово

„Во петокот нивото на ПМ 10 честички беше 250, во сабота 490, а вчера 680. Тоа значи десетици пати повеќе од максимално дозволената граница. Неодговорната власт на СДСМ и градоначалникот молчат и не преземаат ништо. Тие свесно го минимизираат овој проблем иако кумановци се трујат, се поголем број на граѓани се со тешки репиратеорни проблеми, а за жал и тешки последици по нивното здравје и зголемена смртност. Тие не излегоа со ниту една мерка или предлог за решавање на овој проблем. Токму тие се најодговорни за ваквите состојби во Куманово„., - изјави Никола Перовиќ од УМС.

Од партијата бараат градоначалникот и локалната власт што побрзо да преземат мерки за решавање на загаденоста.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk