Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ВМРО-ДПМНЕ ќе побара од локалната самоуправа, трајно да го реши проблемот на раскрсницата на „Октомвриска револуција„ и „Трета МУБ“.
„За таа цел како советничка група во Советот на општина Куманово, покренуваме иницијатива за измени во буџетот, со што ќе се издвојат средства за распишување конкурс за ново идејно решение на раскрсницата помеѓу улиците “Трета Македонска ударна бригада“ и “Октомвриска револуција“. Тоа е само една од многуте горливи точки и се надеваме дека со ова ќе иницираме решавање и на останатите, - рече претседателот Драган Петковски, на денешната прес-конференција.
Тој ја повика локалната власт да ги трошите парите на граѓаните домаќински и да ги реализира ветените проекти кои не ги исполнил во изминатите 11 години.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk