ВМРО-ДПМНЕ бара отчет од градоначалникот

25.07.2017 13:11 | KumanovoNews

ВМРО-ДПМНЕ бара од градоначалникот на Куманово и СДСМ отчет за сработеното и спроведените проекти во изминатиот период.

ВМРО-ДПМНЕ бара отчет од градоначалникот

Од партијата сметаат дека во секоја одговорна држава власта треба да биде транспарентна и да покаже каде и колку се трошат народните пари.

Дамјановски и СДС во Куманово 12 години се на власт и за целиот тој период на нивното владеење не се оправдаа пред граѓаните каде и како се трошат народните пари, што е направено со нив, а што допрва ќе се инвестира. Дамјановски не излезе со отчет и не кажа кои проекти ги има направено од програмата, на кој проект е највеќе горд и од кој проект граѓаните имаат највеќе корист. Градоначалникот е недоследен на ветувањата и на сите проекти и приоритети кои ги ветува со години. Правдањето дека нема доволно средства не е точно. За 12 години владеење на СДС и Дамјановски потрошија буџет од околу 15 милијарди денари, народни пари кои ги трошат по скапи ресторани, одмори со службени возила и слично. Доколку беа малку одговорни и принципиелни ќе се реализираа нешто од програмата и ќе им останеше и за нови непредвидени проекти,- изјаво Срѓан Ивановски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ.  

Тој смета дека градот стагнира и назадува од секој аспект. Затоа го повика Дамјановски да излезе и да каже на граѓаните на Куманово, што има направено за градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk