ВМРО-ДПМНЕ бара смена на директорот на кумановската гимназија

18.03.2017 22:06 | KumanovoNews

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа да се назначи нов директор на кумановската гимназија, откако на социјалните мрежи се појавија експлицитни фотографии и видео матерјал, кои се наводно на директорот Горан Димитриевиќ.

ВМРО-ДПМНЕ бара смена на директорот на кумановската гимназија

„Сите бевме запрепастени од сликите кои ги видовме, но после видеото нема сомнеж дека некој бил уценуван и невин. Јасно се гледа кој е на видеото и нема потреба од уште еден демант. Срамно е да се објавуваат видеа и фотографии со експлицитни сексуални содржини. Родителите и целата кумановска јавност се во шок за однесувањето на човек кој треба да биде пример во гимназијата на учениците,- рече Бране Петрушевски, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги повика надлежните институции да го истражат детално случајот, а градоначалникот, како што рече кој молчи веќе 10 дена, да излезе пред јавноста и да каже по кои критериуми професорот бил унапреден во директор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk