Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советничката група на коалицијата “За подобра Македонија” од Куманово побара седница на Совет, поради компромитирачките слики и видео материјал на социјалните мрежи, на кои наводно е директорот на кумановската гимназија „Гоце Делчев„.
“Како советници сме убедени дека во оваа ситуација општинскиот совет мора да одржи итна седница, на која ќе се дискутира за овој инцидент со цел утврдување на одговорност и донесување конкретни мерки и заклучоци, кои ќе превенираат вакви или слични немили настани во нашата општина. Затоа бараме под итно да биде свикана седница на Општинскиот совет на која задолжително ќе присуствува и градоначалникот на општината“, - изјави советничката Златка Божиновска.
Предходно ВМРО-ДПМНЕ побара од градоначалникот смена на директорот Горан Димитриевиќ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk