ВМРО-ДПМНЕ бара споменик за загинатите бранители во Диво Насеље

09.05.2018 14:01 | KumanovoNews

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на наредната седница на Советот на Oпштина Куманово ќе предложи подигање на споменик во чест на осмината полицајци, кои загинаа во Диво Насеље.

ВМРО-ДПМНЕ бара споменик за загинатите бранители во Диво Насеље

 Ова го соопшти членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Божиновски, по одржување на панихидата за загинатите бранители во црквата „Свети Никола“.

 „Ги повикуваме советниците од СДСМ и градоначалникот Максим Димитриевски да излезат од партиската рамка и да го поддржат овој предлог за Република Македонија и нејзините храбри синови. Македонија никогааш нема да ги заборави своите херои: Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ ќе останат засекогаш врежани во македонската колективна меморија, како луѓе кои несебично се ставија во одбрана на својата татковина и заштита на Уставниот поредок на Република Македонија“, - изјави Божиновски.

 Тој истакна дека голема е жртвата и на останатите припадници на МВР кои биле ранети и учествувале во акцијата. Божиновски ги обвини Зоран Заев и Оливер Спасовски дека свртеле грб на државата и граѓаните кога еден ден по антитерористичката акција се сликале на местото каде своите животи ги положиле осмината припадници на МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk