ВМРО - ДПМНЕ: Ќе ја намалиме невработеноста на 22 проценти

09.04.2014 09:48 | KumanovoNews

Од ВМРО - ДПМНЕ денеска на прес - конференција ветија дека невработеноста од сегашните 28,6 отсто за четири години ќе ја намалат на 22 отсто ако граѓаните им ја дадат довербата.

ВМРО - ДПМНЕ: Ќе ја намалиме невработеноста на 22 проценти

Резултатот од работењето на Владата предводена од ВМРО - ДПМНЕ е 119 186 нови работни места споредено со 2006 година, исто толку посреќни семејства. Но борбата со невработеноста не е завршена и ние не застануваме. Преку натамошно зголемување на нови домашни и странски инвестиции, голем број инфраструктурни проекти кои создаваат работа за домашните фирми, активни политики и мерки за вработување преку Агенција за вработување, силна поддршка на земјоделството и создавање на конкурентна работна сила  ќе создадеме услови за натамошно намалување на невработеноста и креирање на нови работни места - изјави Зоран Ѓорѓиевски, кандидат на листа на пратеници.

Во наредните четири години се планира отварање на 64.000 нови работни места со инвестиции во индустриските зони во земјава.

Ѓорѓиевски вели дека е постигната историска вработеност од 40,9 отсто, а бројот на вработени е највисок досега и изнесува 685 479.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk