ВМРО-ДПМНЕ: Циркусот е повторно во нашиот град

27.05.2011 11:50 | KumanovoNews

 ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека го запоседнала Градскиот плоштад, поставувајки огромен шатор за презентирање на партиски активности, притоа не водејќи грижа за интересите на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Циркусот е повторно во нашиот град

СДСМ, под раководство на Бранко Црвенковски, во овој момент е истрошена транзициона политичка партија. Тие се во длабока криза, како кадровска, така и програмска, немаат ништо ново да им понудат на граѓаните на Република Македонија. Во едни такви околности, за да ја покријат својата безидејност и немањето конкретна програма и проекти, единствено нешто што измислија е театарската сценографија со неколку фотељи и бедуински шатор,  во стилот на арапските шеици-рече портпаролката Тамара Петрушевска.

 Таа во име на граѓаните праша: дали СДСМ има извадено дозвола за локација на времениот објект и дали имаат право да го узурпираат просторот за шетање на граѓаните заради партиски цели?


 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk