Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини директорката на основното училиште „Кочо Рацин„ дека недоволно се грижи за одржување на училишниот простор, бидејќи во текот на летото не се направени поправки на оштетувањата кои можат да ја загрозат безбедноста на децата.
„Овде можете да видите дека ѕидот пред главниот влез е сериозно оштетен, што преставува голема безбедносна закана за учениците од ова училиште. Покрај оваа опасност која демне над учениците, во близина може да се забележи уште еден оштетен ѕид, кој се наоѓа кај споредниот влез во близина на училишната сала, во уште полоша состојба. Не е за занемарување и фактот што насекаде во дворот околу училиштето може да се забележат дупки, искршени прозорци, откинати олуци и многу други потенцијални опасности за учениците. Се прашуваме - Дали директорот на училиштето сето ова воопшто го забележал? Што треба да се случи за да може и градоначалникот да види во каква состојба се наоѓаат училиштата во Куманово и колку истите се безбедни за учениците?, - праша советничката Злата Божиновска на прес-конференција пред училиштето.
Од партијата побраа семна на директорката, а најодговорните веднаш да го обезбедат целиот простор кој, според нив, повеќе наликува на некое запуштено место отколку на училишен двор каде учениците би требало безгрижно да го поминуваат своето време.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk