Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„Денес, по којзнае кој пат, сакаме да го искажеме нашиот, но и револтот на граѓаните на Куманово, предизвикан од сообраќајниот хаос, за кој директна вина носи оваа неспособна и неодговорна локална власт.
Сообраќајниот хаос, кој повеќе години е неподносливо секојдневие во нашиот град, не само што го отежнува нормалното секојдневно живеење, туку веќе и во голема мера ја нарушува безбедноста на кумановци“, -рече Бране Петрушевски на денешната преск-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на раскрсницата на улиците „Трета МУБ“ и “Октомвриска револуција“.
„Затоа денес, со симболично блокирање на оваа раскрсница, сакаме јавно да обрнеме внимание на локалните властодршци дека поради нивната негрижа, раскрсниците во Куманово се црни точки опасни по живот. Воедно сакаме и да испратиме апел конечно да се зафатат за работа и да почнат да ги решаваат проблемите.
Токму оваа раскрсница е одберена бидејќи е синоним за невидено лошо, нестручно изработено, и неефикасно сообраќајно решение, кое предизвика големи материјални штети и трагични последици“, - додаде Петрушевски.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе инцијатива до Советот на општина Куманово, раскрсницата на која се спојуваат шест улици и има неколку семафори, да биде заменета со кружен тек.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk