ВМРО-ДПМНЕ:Дамјановски во 2013 вети асфалтирање на „Пелинска“

20.10.2015 13:04 | KumanovoNews

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски, дека иако ветил за локалните избори сеуште не ја асфалтирал улицата “Пелинска“.

ВМРО-ДПМНЕ:Дамјановски во 2013 вети асфалтирање на „Пелинска“

Велат дека оваа улица е раскопана, непроодна, местото е полно со смет, прав и е целосно заборавено од локалната власт.

Познато е дека многу често отпадната вода избива на површината како последица на недоволниот капацитет на канализациона цевка и честите дефекти на мрежата. Како резултат на тоа се шири неподнослива миризба и животот на луѓето што живеат во непосредна близина станува неподнослив. Паркинг простор речиси и да не постои, така да секој како знае и умее го паркира своето возило. Во оваа пригода би сакале да потсетиме дека актуелниот градоначалник во својата програма од локалните избори 2013­ година вети асфалтирање на оваа улица. Како што може да се види улицата е во уште полоша состојба од порано - изјави Срѓан Ивановски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Ивановски додава дека градоначалникот дозволува насекаде да никнуваат згради со што дополнително проблемот се комплицира.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk