ВМРО - ДПМНЕ делеше цвеќе на дамите

08.03.2013 11:43 | KumanovoNews

На Градскиот плоштад, младите од ВМРО - ДПМНЕ заедно со кандидатот за градоначалник Зоран Ѓеорѓиевски делеа цвеќе на жените, случајни минувачи.

ВМРО - ДПМНЕ делеше цвеќе на дамите

Оваа акција УМС на ВМРО - ДПМНЕ ја прави години наназад.

Веќе четврта година по ред УМС во Куманово ја организира оваа акција. Со ова сакаме да го честитаме празникот на жената 8 март. На сите мајки, баби, жени кои што треба да им се обрне внимание не само овој ден, туку и останатите денови цела година. Оваа акција е поддржана од повеќе членови од УМС. Денеска ни се приклучуваат околу 50 наши активисти, наши поддржувачи, на секој минувач од женски пол ќе му биде доделен по еден каранфил - изјави Срѓан Ивановски, претседател на УМС на ВМРО - ДПМНЕ Куманово.

Кандидатот за градоначалник Зоран Ѓеорѓиевски, смета дека оваа акција заслужува почит и самиот на дамите на Градскиот плоштад им подари цвеќе, а тие му посакаа успех на престојните локални избори.

Оваа акција заслужува да ја поддржиме и поздравиме, бидејќи сметаме дека како акција која трае години наназад е многу убав гест со кое ќе се оддаде едно внимание кон понежниот пол, кон сите баби, мајки, жени, сестри. Да не биде насочено тоа внимание само еден ден, туку цела година. На овој начин им даваме поддршка на младите, тие се нашата иднина - вели Ѓеорѓиевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk