ВМРО-ДПМНЕ доби нови членови

22.03.2013 14:44 | KumanovoNews

 Педесетина граѓани денеска се зачленија во општинскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ доби нови членови

Во централниот штаб на партијата, граѓаните потполнија пристапници и јавно ја истакнаа партиската припадност. Тие велат дека основен мотив поради кој се зачленуваат во ВМРО - ДПМНЕ, е довербата која ја стекнале во изминатиот период.

Зоран Ѓорѓиевски e најуспешен хирург во кумановската Општа болница во последните 10 години. Човекот тоа го постигна со свој труд и со свој ум. Кога на тоа ќе се додаде и поддршка од единствената партија што ќе вети и го исполнува, а тоа е ВМРО - ДПМНЕ. Тогаш доаѓаме до една идеална комбинација за нов градоначалник кој ќе може и ќе мора од Куманово како град на невработени, град на стечајци, град на печалбари, на највеќе разведени бракови, да го претвори во град кој ќе биде пример - рече Благоја Насковски, симпатизер на ВМРО - ДПМНЕ.

И другите граѓани потврдија дека го почитуваат кандидатот Ѓорѓиевски и затоа сакаат да добијат членска книша од партијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk