Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска испратија соопштение за минатонеделните одговори на градоначалникот Зоран Дамјановски и претседателот на советот Максим Димитриевски, а во врска со јавниот превоз и преносот на седниците.
„Нималку не е изненаден затоа што двоецот Дамјановски – Димитриевски не знаат каде се широките улици и булевари, автобуски постојки и возниот ред на нив, ниту пак ќе се изненади, доколку двоецот и во иднина одговори со незнаење и празна реторика на конкретно поставени прашања и дилеми за локалните проблеми коишто од година в година се натрупуваат, без соодветно решение. Без оглед на тоа, колку минути или колку реда ќе одземете од медиумскиот простор давајќи им совети на новинарите, правдајќи го вашиот неуспех и глумејќи демократичност без маана, пред кумановците не можете да ја скриете хаотичната слика во која тоне Куманово! Политиката којашто ви ја диригира партиската централа за безидејноста, хаосот и немањето оддржилив концепт да ја обвините ВМРО-ДПМНЕ и наводната „неподдршка“ од државните институции е политика на пропаѓање и уназадување и истата не може да ја скрие вашата неспособност! Времето тече! Претставите на седниците на Советот со долгите и промотивни говори, замајувањето на јавноста со празна реторика и неоснованите обвинувања нема да ве спасат од претстојната дебата со граѓаните. Истите оние граѓани кои што 12 години бараа решенија и отчет. И не ги добија!“, - стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk