ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла тврдењата на поранешните работнички во социјално

16.03.2011 12:12 | KumanovoNews

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово ги отфрла сите тврдења наведени во писмото под наслов „ВМРО-ДПМНЕ вработува исклучиво свои луѓе„,од поранешните вработени во Центарот на социјални работи Куманово, објавено пред два дена на Kumanovonews.

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла тврдењата на поранешните работнички во социјално

Во писмената реакција од општинскиот комитет стои:

За сите вработувања во споменатите институции е распишан јавен оглас, при што е запазена целокупната законска процедура за вработување.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе остане доследно на својата определба за намалување на невработеноста во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува граѓаните во нашата држава слободно и активно да се вклучат во аплицирање на јавните конкурси за вработување, затоа што сите имаат подеднакви можности за вработување.

Искрено се надеваме дека подносителите на наведено писмо не се изманипулирани и злоупотребени од некоја политичка партија за ситни дневно-политички интереси- се вели од партијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk