ВМРО-ДПМНЕ годишните цени за превоз на ученици ги прикажува како дневни

26.07.2016 15:20 | KumanovoNews

Од посочените, а неименувани фирми кои вршат превоз на ученици во општината Куманово излегоа со контра аргументи на тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ, дека општината плаќа поскап превоз за 652 пати повеќе од редовната цена.

ВМРО-ДПМНЕ годишните цени за превоз на ученици ги прикажува како дневни

Тие тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ безобразно и дрско ги лаже граѓаните на Куманово, со тоа што изнесува невистинити и измислени податоци за цената на превозот на учениците.

„За наводите дека имаме 652 пати поскап превоз од другите општини, сакаме да ја известиме јавноста дека цените што ги објавува партијата се однесуваат на годишно, а не на дневно ниво. Пресметката од 2741 денар за секој ученик по километар е за 180 работни денови во годината колку што трае школската година, а не за дневна карта по ученик за километар, како што презентираат од ВМРО-ДПМНЕ. Одговорно тврдиме дека за сите релации во средните училиште во 6 зони од 4 до 30 километри во еден правец цената изнесува 5.1 денар по ученик. За тоа имаме договори и секој што е заинтересиран може да ги види. Да беше точно тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ досега тоа ќе го откриеше финсиската полиција и другите надлежни институции„, - велат превозниците.

За последните обвинувања дека наплаќале 1000 пари поскап превоз за 2,2 километри на релацијата Спомен костурница - ОУ 11 Октомври, превозниците тврдат дека цената е 21,59 денари по километар за ученик, а не 12.545 денари.  

 Тие велат дека парите за училишниот превоз во општините ги одобруваат од Министерството за финасии по посебна методолгија и никако не е возможно да се прави произволна преметка како што стои во „веселата“ математика на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk