Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски, дека не изградил тротоари од левата страна на улицата „Драган Стопаревиќ“ како што вети за локалните избори во 2013 година.
Од партијата велат дека оваа улица е небезбедна затоа што се вози брзо, на едната страна тротоарот е блокиран од паркирани автомобили, а на другата страна воопшто нема тротоар.
Денеска сме тука , да за ја алармираме јавноста и локалната власт, затоа што секојдневно на илјадници наши сограѓани им е загрозена безбедноста. Би сакале да го прашаме градоначалникот „Зошто локалната власт не презема ништо за да ја подобри безбеноста на оваа улица?“ Тука сме и да потсетиме на ветувањето на градоначалникот во неговата програма од 2013 година, за изградба на тротоари од левата страна на улица „Драган Стопаревиќ” и поставување на лежечки полицајци. Како што може да видиме, една година до завршувањето на неговиот мандат, сè уште ништо не е преземено - изјави Валентина Јовановска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа го праша Дамјановски зошто уште нема поставено лежечки полицајци и кога градоначалникот ќе почне да мисли на безбедноста на учениците и другите пешаци.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk