ВМРО-ДПМНЕ:Градоначалникот да каже ќе јаде ли живи луѓе?

04.02.2011 15:30 | KumanovoNews

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика градоначалникот Зоран Дамјановски да се изјасни по изјавите на потпретседателот на СДСМ, и негов близок пријател Зоран Заев, за партиските вработувања во општината, и за скандалозната изјава дека ќе јадат живи луѓе кога ќе дојдат на власт.

ВМРО-ДПМНЕ:Градоначалникот да каже ќе јаде ли живи луѓе?

Како што целата македонска јавност слушна, Заев јавно призна дека вработил 2.744 луѓе во државната и јавна администрација и тоа исклучиво со одлука на кадровата комисија на СДСМ. И не само тоа, беше потенцирано дека ова пракса се спроведува и во општините каде градоначалниците се од СДСМ, вклучително и општината Куманово. Поминаа неколку дена од ова изјава, а градоначалникот Дамјановски не се произнесе за истата. За да биде пострашно, Дамјановски не даде никаков коментар, ниту демант за неодамнешната изјава на Заев, дека “Живи луѓе ќе јадат” и “Сите ќе ги бркаат од работа кога ќе дојдат на власт”, а во чиј контекст беше спомената општина Куманово-рече портпаролот Игор Божиновски.

Тој го праша градоначалникот колку партиски војници вработиле во Куманово со одлука на кадровата комисија на СДСМ, и дали во јавните претпријатија има фиктивни партиски вработувања со финансиска злоупотреба на општински пари?

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk