ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се препукуваат за партиски вработувања

16.05.2012 13:19 | KumanovoNews

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека во образованието вработува партиски кадри се со цел да си обезбеди гласачко тело за престојните локални избори.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се препукуваат за партиски вработувања

При тоа посочија дека лојалните директори добиваат по два мандата, а некои од нив за да останат на функцијата се назначуваат за в.д директори. Велат дека во училиштата има и нестручни кадри.

А за поделба на часови доволно е да се каже дека од две работни места по математика се добиваат четири помали. Тоа е смислено за да се врбуваат гласачи. Градоначалникот ги заплашува вработените со инспекторите и нивните казни. Драѓи сограѓани, решенија потпишува само министерот за образование и наука. Инспекторите треба да придонесат за поквалитетно образование, а не да бидат продолжена рака на градоначалникот - рече Мирослав Стојановски, претседател на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Градоначалникот Дамјановски вели дека ова се прави за да се одвлече вниманието од секс-скандалите во Прилеп и Битола каде беа посочени партиски членови на владејачката партија.

Во 22 училишта во градот, 90% од кадрите се затечени и работат два мандата. Погледнете ги судовите, тоа е треба власт нема да коментирам, ама се знае како ги вработувате кадрите. Како резултат на сексуалните афери во Прилеп и  Битола, вие фрлате прав во очи. Ова е крајно лицемерно. Со ова само ќе си ја влошите позицијата за локалните избори која и така ви е лоша - изјави Дамјановски.

Тој појасни дека изборот на наставници се врши според процедура, преку конкурс каде и училишниот одбор дава предлози за кои одлуки и решенија носи Општината. Дамјановски повика за сите прашања да се зборува на јавни дебати, а не преку конференции за печат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk