Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советниците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната седница на Советот на општината Куманово, во знак на подршка на притворени граѓани од случувањата на 27 април.
„Поради недемократското однесување на власта и селективниот пристап во знак на поддршка на притворените уставобранители, меѓу кои има и наши сограѓани, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја напушта четвртата седница“, - изјави Емилија Трајковска, советник од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателката Атина Мургашанска ги повика советниците да останат на седницата бидејќи на дневен ред се значајни точки, за кои треба подршка и од опозицијата.
Советниците продолжија со работа без опозицијата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk