ВМРО-ДПМНЕ ја обвини општината за доцнење на платите во училиштата- Дамјановски негира

24.09.2016 14:00 | KumanovoNews

Општината Куманово, а не Министерството за образование е виновна што доцнат платите на вработените во кумановските училишта, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, по вчерашниот предупредувачки протест на професорите од средното училиште „Перо Наков“.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини општината за доцнење на платите во училиштата- Дамјановски негира

Претседателот на општинскиот комитет Драган Петковски денеска на прес-конференција обвини дека локалната администрација не ги доставила пресметките од платите за да бидат исплатени навреме.

„Не зачуди информацијата дека само во општина Куманово не се исплатени платите во образованието, и веднаш побаравме објаснувања од надлежните институции, по што добивме информација дека Општина Куманово доцни со доставување до Трезорот на соодветните планови и пресметки за исплата на плати за месец август 2016 година, иако од Министерството за финансии на неколку пати е барано навремено да се достават. Овие планови се доставени дури вчера, па затоа средствата ќе бидат префрлени и платите исплатени во понеделник, - објаави Петковски.

Наспроти ова, градоначалникот Зоран Дамјановски тврди дека овие обвинувања не се точни бидејќи списоците за плата биле пратени пред 10 дена.

 „Ние имаме поштенски реципис дена на 12 и 13 септември се испратени програмите, но тие ги зафрлиле и ги чувале во некој фиока. Заменик министерот Сафет Незири ми се извини и призна дека е нивна грешка. Ние тие пари не можеме да ги потрошиме бидејќи се трезорски и наменети за училиштат„, - вели Дамјановски.

Поради доцнењето на августовската плата, професорите од Перо Наков, но и од останатите училишта во градот најавуваа прекин на наставата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk