Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи независен кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во вториот круг на изборите. Одлуката е донесена на седница на Извршниот комитет на партијата во Охрид.
„Секаде каде што има кандидати кои се борат против власта, така е и во Куманово, поддршката на ВМРО-ДПМНЕ оди за тие кандидати“, појасни Александар Николоски, по прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи и независниот кандидат Максим Димитриевски во Куманово.
Тој кажа дека во општините кадешто немаат свои кандидати во вториот круг, природно ќе ги поддржи кандидатите кои се опозиција, и кои се борат против оваа власт која е корумпирана и криминална.
„Ние нема да кажуваме во тие места дека гласовите ги имаме во џеб или се наша сопственост и нема да ги третираме граѓаните како да ги имаме кај себе, како што тоа го прави СДСМ, но воедно повикуваме слободоумно и отворено да излезат и да ги поддржат кандидатите на тие места кои искрено се борат против власта“, кажа Николовски.
ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира и поддршката за кандидатите за градоначалници од Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Кандидат за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ беше Тони Михајловски, кој освои околу 8.567 гласови и не обезбеди доволна поддршка да влезе во вториот круг на локалните избори.
Димитриевски и Илиевски освоија по 15.000 гласови.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk