Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„Полуразурнати или целосно руинирани куќи, депонии на секој агол, голема нечистотија, потенцијални извори на зараза демнеат на секој чекор и предизвикуваат неверување„.
Вака од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конфернција ја опишаа локацијата што се наоѓа зад Основниот суд и Црвениот крст и го повикаа градоначалникот Зоран Дамјановски, да го среди овој дел од централното градско подрачје.
„Целиот простор, во кој од многуте дупки едвај може да се забележат траги од некогашна уличка, е опколен со станбени згради и градби во кои се сместени неколку државни институции. Тука низ овие коридори на срамот секојдневно поминуваат многу луѓе, кои можат да видат до каде може да оди бесрамноста на локалната власт предводена од СДСМ.
Речиси 12 години сте на чело на градот а дозволивте овој простор што е во непосредното опкружување на општинската зграда, да претставува голем срам за сите нас. Кога последен пат сте поминале од тука, и колку сограѓани до сега ве имаат прашано за ова место?, - рече Срѓан Ивановски, член на ВМРО-ДПМНЕ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk