ВМРО-ДПМНЕ: Куманово ќе го вброиме во редот на успешни општини

31.12.2013 12:40 | KumanovoNews

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска на граѓаните на Куманово им ја честитаа Новата година со желба за многу здравје, среќа и успех. 

ВМРО-ДПМНЕ: Куманово ќе го вброиме во редот на успешни општини

Претседателот на општинскиот комитет Мирослав Стојановски, на прес-конференција ја искритикува локалната влaст, и најави дека и во 2014 година тие како партија ќе бидат симбол на одговорност кон сопствениот град.

Во овие наши заложби нема да не поколеба ниту непринципиелно одземената победа на ВМРО - ДПМНЕ од првиот круг на локалните избори 2013 година во нашиот град, туку напротив големата поддршка добиена од вас на тие избори не мотивира и ни дава сила уште повеќе да се бориме за Куманово и неговите граѓани, и конечно да го вброиме нашиот град во редот на успешни општини. Прв чекор кон остварување на овие заложби ќе биде победата на ВМРО-ДПМНЕ на наредните претседателски избори - рече Стојановски.

Од партијата на граѓаните од православна вероисповест им го честитаа Божиќ со желби за благосостојба и бериќет. Во партиските простории на ВМРО - ДПМНЕ организираше новогодишен коктел.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk