ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството во Советот ги отфрла нашите конструктивни предлози

06.12.2013 15:48 | KumanovoNews

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција го обвинија мнозинството во Советот на Општина Куманово дека постојано ги одбива нивните предлози, независно дали се во интерес на граѓаните, само затоа што се предложени од опозицијата. 

ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството во Советот ги отфрла нашите конструктивни предлози

Како пример ја посочија последната 14-та седница, кога им беа одбиени 10 амандмани поврзани со развојната програма за 2014 година. Опозиционите советници особено се револтирани што претседателот на Советот, Максим Димитриевски нивната активност во Советот ја смета за политички маркетинг и собирање на ситни политички поени.

Какво собирање на политички поени е барањето да се постават семафори и да се направи мал кружен тек на булевар “Октомвриска револуција“, кај “Жмара“ и кај спортската сала, кога сите знаеме каков сообраќен хаос се прави на овие крстосници. Каков маркетинг е предлогот да се направи тоалет за училиштето во с.Умин Дол, зарем во 21 век децата од наведеното училиште треба да одат во тоалет кој е 100 метри подалеку од училишната зграда, по кал и по снег. Дали претставува собирање политички поени предлогот да се изградат градинки за деца, кога знаеме дека истите во Општина Куманово се пребукирани.- изјави Мирослав Стојановски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Од партијата најавија дека по секоја седница на Советот на Општина Куманово на прес-конференции ќе ги информираат граѓаните за она што таму се случува и како ова тело функционира.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk