ВМРО-ДПМНЕ на протест во Куманово за оставка на премиерот Заев

27.11.2020 12:57 | KumanovoNews

Под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“, денес со почеток во 18 часот на паркингот кај спортската сала во Куманово, ќе започне протест на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

ВМРО-ДПМНЕ на протест во Куманово за оставка на премиерот Заев

Тој е резултат на незадоволството на членството поради интервјуто на премиерот Зоран Заев, за бугарската агенција „БГНЕС“ каде изјави дека и бугарските и македонските војски заедно ги ослободиле Куманово, Крива Паланка и Скопје.

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат во обрана на националните интереси, откако премиерот Зоран Заев изјави дека Куманово е ослободено од Бугарија. Протестот ќе започне на паркингот кај  Спортската сала во 18 часот, а ќе се одвива по поголемите булевари, “ рече Бране Петрушевски, пратеник од Куманово од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ, исто така денес ќе се организираат и во градовите Велес, Тетово, Кавадарци, Охрид и Битола.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk