ВМРО-ДПМНЕ: Неасфалтирана улица создава проблеми на жителите на Бабин дол

03.11.2015 15:42 | KumanovoNews

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска на прес-конференција обвинија дека неасфалтирана улица во населбата Бабин дол им создава проблеми на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Неасфалтирана улица создава проблеми на жителите на Бабин дол

Велат дека при врнежи од дожд не може да се влезе или излезе од улицата, а се случува и подрумите на жителите да бидат поплавени. Бараат од локалната власт да преземе мерки за решавање на овој проблем.

До сега граѓаните повеќе пати се обратиле до градоначалникот со овој проблем, но без никакви резултати. Секогаш во изборна кампања им се ветувало сè и сешто од страна на градоначалникот и секако на крај едно големо ништо. Во оваа прилика би сакале да го прашаме градоначалникот: Дали треба да се случи некоја поплава од поголеми размери која ќе предизвика големи штети за да вие се охрабрите да направите нешто за овие луѓе? Сите се тука со многу прашања до вас на кои треба да одговорите и тоа што поскоро, за да не се случи како и секогаш после секоја поплава, за која има значителна одговорност локалната власт, да изразувате загриженост и да се сликате со настраданите од поплавените подрачја, ветувајќи им надомест за штетите - вели Ивана Арсеновска, советник.

Арсеновска рече дека треба превентивно да се делува за да не дојде до несакани последици, а алармот за оваа улица е вклучен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk