ВМРО-ДПМНЕ нема договор за користење на просторот во зградата на „Комитет“, одговори Димитриевски

09.08.2018 13:51 | KumanovoNews

По обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека изборен штаб на СДСМ е претворен во магацин на ланч бар, од кабинетот на градоначалникот  Максим Димитриевски одговорија дека посочениот угостителски објект има склучено договор за користење на простор во 2012 година, со важност до 2022 година и истиот е на сила.

ВМРО-ДПМНЕ нема договор за користење на просторот во зградата на „Комитет“, одговори Димитриевски

- За жал, морам да потенцирам дека ВМРО како политички субјект, не поседува ист таков договор за користење на простор во посочениот објект (зградата на поранешните општествено-политички организации-„Комитет“), а безосновано и спротивно на законот ги користи истите. Општина Куманово ќе влезе во постапка на разгледување на сите склучени договори со сите корисници на простор во објектот и ќе излезе во јавност со резултатите од направениот пресек во интерес на граѓаните на Општина Куманово, - стои во реакцијата на градоначалникот Максим Димитриевски.

 Притоа појаснуваат дека Општината нема издадено дозвола за користење на наведениот простор во „Комитет“, бидејќи истиот го користат и со него управуваат СДСМ, Сојузот на борци и Сојузот на синдикати.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk