ВМРО-ДПМНЕ обвинува за опструкции на салата во Којнаре

11.05.2011 12:35 | KumanovoNews

 ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција го обвини градоначалникот Зоран Дамјановски и СДСМ дека не дозволуваат да се предаде во употреба спортската сала во земјоделското училиште „Киро Бурназ„.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за опструкции на салата во Којнаре

Сите потребни градежни зафати за кои ингеренции имаше Владата и Агенцијата за млади и спорт се завршени. Финаширањето на овој проект во однос на поврзувањето на комуналната инфраструктура, а што е во директна надлежност на локалната самоуправа се комплетно запрени и закочени- изјави  портпаролката Тамара Петрушевска.

Таа го праша градоначалникот и СДСМ зошто им пречат инвестициите од Владата, кога се тие во интерес на граѓаните. При тоа истакна дека исти проблеми локалната власт поравела и кога требала да се издаде употребна дозвола во салата „Панко Брашнаров„ во населбата Карпош. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk