ВМРО-ДПМНЕ обвинува за злоупотреба на општински имот, надлежните демантираат

09.02.2017 15:12 | KumanovoNews

ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, дека дозволил општински имот во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ да се користи за приватна ординација на неговата ќерка.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за злоупотреба на општински имот, надлежните демантираат

„Ќерката на градоначалникот Зоран Дамјановски, е сопственик на приватна ординација за општа медицина, која ја сместил во општински изнајмени простории во домот за стари лица „Зафир Сајто“. Отстапил на користење општинскиот имот од 175 м2 за наредните 10 години по 1.5 евро за м2, - изјави Новица Ѓорѓевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Директорот на Домот за стари лица „Зафир Сајто„, Џемаљедин Неџипи демантира дека посочениот деловен простор е на името на ќерката на градоначалникот. Тој објаснува дека приватната ординација за урологија и општа медицина работи од 2010 година, откако просторот е издаден под закуп на доктор Марјан Тошиќ.

„Освен договорот со др. Марјан Тошиќ немаме друг договор за закуп, а особено не со ќерката на градоначалникот, - изјави Неџипи.

Тој своето тврдење го поткрепува со договор за закуп, кој е потпишан на 16.02.2010 година од тогашната директорка Мирјана Атанасовска, по донесена одлука од управниот одбор на Домот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk