ВМРО-ДПМНЕ одржа протест во Куманово

21.10.2020 10:23 | KumanovoNews

 Во централното градско подрачје на Куманово, синоќа се одржува протест со возила на членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ одржа протест во Куманово

- ВМРО-ДПМНЕ го крева гласот против корупцијата и криминалот. Нема да дозволиме под тепих да заминат сите афери коишто изминативе години ги предизвика оваа Влада, нема да дозволиме граѓаните да заборават на аферите на Рашковски, Ден Дончев, парите предвидени за поддршка на стопанството да завршуваат до фирмите блиски на семејството Заеви, на Анѓушев, Ангеловска без да има соодветна завршница. Сметаме дека семејтвото Заеви врши приватизација на Македонија, изјави претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Бране Петрушевски.

Петрушевски вели дека оваа влада само оваа година ја задолжила државата за една милијарда евра, пари кои требало да се вложат во справување со последиците од коронакризата, а земјата е рекордер по бројот на забоелни и стопанството тоне.

 
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk