ВМРО-ДПМНЕ организираше поетска вечер

30.10.2015 16:31 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово организраше поетска вечер, по повод Месецот на книгата.

ВМРО-ДПМНЕ организираше поетска вечер

На поетската вечер се претстави писателот Борис Митковски, кој читаше стихови од својата збирка со  хаику поезија " Патот ". Тој  воедно, преку своето  исцрпно излагање, ја запозна  кумановската јавност со  карактеристките на овој вид поезија. Голем број кумановци од сите возрасти присуствуваа на настанот. Оваа поетска вечер претставуваше истовремено  вовед во промоцијата на новата книга на авторот Митковски "Дрво кое шепоти", која ќе следува во наредниот период.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk