ВМРО-ДПМНЕ отвори изборен штаб на Плоштадот

01.04.2011 13:43 | KumanovoNews

 Дека партиите не губат време во подготовките за престојните парламентарни избори закажани на 5 јуни, покажува и новоотворениот штаб на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ отвори изборен штаб на Плоштадот

Штабот е поставен на многу атрактивно и фреквентно место на малиот плоштад, пред Центарот за култура. Од партијата велат дека е неменет за нивните членови, симпатизери и граѓаните кои ќе сакаат да се запознаат со програмата на партијата, воедно да поразговараат со општинското раководство и да се напијат кафе. Останатите активностио на партијата и прес-конференциите ќе се одвиваат во Централниот штаб.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk