Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го обвини менаџерскиот тим на ЈП „Чистота и зеленило“ за состојбата во кое се наоѓа претпријатието и тврди дека директорот залудно се обидува вината да ја префрли на друго место, поради блокираната сметка и штрајкот на вработените.
„Директорот залудно се правда и го насочува прстот кон другите. Вистината е една, а тоа е неспособноста за менаџирање и немањето на одговорност на самиот директор кој ги користи ресурсите на претпријатието за угостителство, спорт и рекреација и други активности, а најмалку за основната дејност за кое е и формирано јавното претпријатие, а тоа е одржување на чистота во градот. Општината и јавните претпријатија се дават во долгови, а граѓаните во кал, смет и други комунални проблеми, - изјави Анета Шандева-Доневска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа го повика директорот да не дозволи на градот да му се случи еколошка катастрофа и епидемија од заразни болести.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk