ВМРО-ДПМНЕ подари прехрамбени продукти за Порака-наша

02.12.2010 15:08 | KumanovoNews

 Советниците и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска однесоа помош во прехрамбени продукти и сретства за лична хигиена на штитениците од Дневниот центар Порака-наша.

ВМРО-ДПМНЕ подари прехрамбени продукти за Порака-наша

 Донацијата ја реализираат по повод Светскиот ден на лицата со хендикеп.

Не само денска, ние сме чести гости овде и се сочувствуваме со здравствените проблеми на корисниците на овој центар. Ние секогаш ги одбележуваме позначајните датуми и секој месец помагаме н лица и институции на кои им е потребно. Овој пат поводот е Светскиот ден на лицата со посебни потреби и го одбележуваме на еден пристоен начин- вели Јордан Пачков, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуката да се донесат прехрамбени продукти била по сугестија на раководството на Центарот, од каде посочиле дека прехрамбените продукти им се најнеопходни во моментот.

Многу сме благодарни за помошта и се радуваме што луѓето не не забораваат, туку се почесто и повеќе не помагаат. Додека има добри луѓе кои мислат на нас, ние и нашите деца ќе бидеме среќни - вели Благица Димитровска, родителка и претседателка на центарот Порака-наша.

Помошта e обезбедена од сретства на членовите и спонзори, пријатели на партијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk