ВМРО-ДПМНЕ: Поевтини студии-повеќе студенти

13.04.2010 11:10 | KumanovoNews

 Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја поздравија одлуката на Владата за намалување на партиципацијата за студирање на државните универзитети.

ВМРО-ДПМНЕ: Поевтини студии-повеќе студенти

 Износот за државната квота е унифициран и е 200 евра годишно за сите факултети, а за дисперзираните студии во редовната квота е 100 евра, или намалување од 50% до 65%. Сега највисокиот износ за кофинансирање на студиите ќе биде 400 евра, наместо досегашните 1.200 евра, што преставува намалување во просек од 35% до 70% - рече портпаролот Игор Божиновски на денешната прес-конференција.


 Божиновски смета дека пониската партиципација ќе овозможи значително поголем број на млади луѓе да се одлучат да го продолжат своето образование на некој од државните универзитети. Од одлуката за пониска партиципација за студирање директна корист ќе имаат младите  луѓе.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk