ВМРО-ДПМНЕ помогна на сиромашно семејство

31.01.2011 09:38 | KumanovoNews

Членови на ВМРО-ДПМНЕ викендов донираше помош во социјално загрозено семејство во селото Горно Којнаре. Помошта ја однесе пратеничката Дарка Петрушевска со членовите на Комисијата за родова еднаквост.

ВМРО-ДПМНЕ помогна на сиромашно семејство

Денеска сме во посета на самохрана мајка со две училишни деца. Семејството е во многу лоша економска состојба, а при тоа мајката има здравствени проблеми.Поради тоа одлучивме да им донесеме помош во облека и прехрамбени продукти. Сакаме на семејството да му дадеме и подршка и да им покажеме дека не се сами и секогаш коге е потребно подготвени сме да им помогнеме- рече Петрушевска.

Сиромашното семејство се заблагодари за помошта, која им е добредојде со одлед на тоа што девојчето е прва година на факултет, а момчето четврто одделение

Оваа комисија секој месец организира хуманитарна акција под мото „Сите имаат право на живот- да помогнеме да бидеме еднакви„. Изборот на семејство на кое ќе му биде доделена хуманитарна помош се бира по препорака на месните комитети и Центарот за социјална работа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk