Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод немилите настани кои се случуваат денеска во Куманово, од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово на прес-конференција повикаа на смиреност.
Велат дека во овој момент сите треба да размислуваат со трезни глави и конфликтите што побрзо да се решат.
Им даваме целосна поддршка на институциите на државата, на припадниците на Министерството за внатрешни работи како единствено надлежни и повикани во дадената ситуација. Ги повикуваме сите граѓани да не наседнуваат на провокации што се шират низ одредени медиуми и на социјалните мрежи. Да имаат доверба во државата и во легално избраните институции на државата - изјави Драган Петковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
Петковски вели дека желба на сите е што побрзо да заврши акцијата, да се воспостави редот и мирот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk