ВМРО-ДПМНЕ прашува дали функционира паркинг службата во градот

25.01.2017 12:50 | KumanovoNews

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначалникот и неговите директори дека се откажале од Куманово, бидејќи за дваесетина дена колку трае невремето, дозволиле градот да наликува на најзафрлените и најнедостапните места во државата.

ВМРО-ДПМНЕ прашува дали функционира паркинг службата во градот

Посебно го истакнаа проблемот и состојбата со паркинг просторот во градот.

„Како што може да се види откако падна првиот снег просторот определен за паркинг буквално го снема! Покриен со снег и дебел слој на лед воопшто не им служи на граѓаните и не ја исполнува својата намена. Како што многу револтирани граѓани реагираа паркинг просторот воопшто не се одржува, а со тоа уште повеќе се отежнува сообраќајот во градот. Покрај сите проблеми што ги направи неажурноста на локалната власт, која го остави Куманово заглавено во снег и лед, поради што на лизгавите улици и тротоари многу граѓани завршија со телесни повреди, за што официјално потврди и Општата болница во градот, мошне важно за алармирање е и нефункционалниот систем за паркирање, - изјави Валентина Јовановски, советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Куманово.

Од партијата побара одговор дали јавното претпријатие наплаќа паркинг и дали ги санкционира оние кои не плаќаат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk