ВМРО-ДПМНЕ:Претседателот го прекрши Деловникот и на Свечената седница

12.11.2012 11:09 | KumanovoNews

 Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не е незадоволана од работата на претседателот на Советот на вчерашната Свечена седница, по повод Денот на ослободување на градот.

ВМРО-ДПМНЕ:Претседателот го прекрши Деловникот и на Свечената седница

Тие тврдат дека претседателот Максим Димитриевски не дал можност советниците да го гласаат дневниот ред што тој го предложил, туку самиот си го усвоил и ја започнал седницата.

Новиот претседател повторно не беше доследен и не се придржуваше на Деловникот на Советот на Општина Куманово. Тој не ги удостои советниците да му го изгласаат дневниот ред предложен од него.Тоа е едно големо прекршување на процедурата, но овојпат ние како советничка група заради свечениот чин не реагиравме- рече координаторот на советничката група Бобан Николовски.

Советниците реагираа и на тоа што не била поделена техниката за превод, па неможеле да ги разберат обраќањата на советниците од етничките заедници.  

За разлика од другите години, кога советниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери ги бојкотираа прославите на одбележувањето на Денот ослободувањето на градот, оваа година присуствуваа сите советници и дел од раководството на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.  Не дојдоа само пратениците Јордан Пачков и Иван Стоиљковиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk