Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека СДСМ се претвора во криминална структура, бидејќи е во паника затоа што народот не дозволува да се спроведе Тиранската платформа, па започнале физички да се пресметуваат со граѓаните.
„Насилниците мора да одговараат, па макар биле и пратеници! Мора да одговара и кривично и морално! Освен што стори кривично дело и му намесе тешки повреди на едно момче, по стапките на неговиот аболициран лидер Заев, се обиде да ја прелаже целата јавност, - изјави Драган Петковски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Петковски рече дека пред десетина дена на мирен протест, без причина претседателот Мартин Костовски нападнал учесник на протест, а завчера тоа го сторил пратеникот Максим Димитриевски.
Тој ги повика граѓаните да не подлегнуваат на криминалните провокации, притисоци и закани од насилниците од СДС и надлежните институции што поскоро да ги разрешат случаите и виновниците најстрого да ги казнат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk