ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ вработува свои луѓе без критериум

30.12.2010 13:37 | KumanovoNews

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција ја обвини локалната самоуправа и градоначалникот Зоран Дамјановски дека објавила конкурс за директор, без доказ за образование и работно искуство на кандидатот.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ вработува свои луѓе без критериум

Во Јавниот конкурс за избор на директор на Фондацијата за култура и спорт на Куманово, каде што како основач се јавува Општина Куманово воопшто не се наведени двата најбитни критериуми за избор – образованието и работното искуство на кандидатот за директор. Наместо тоа наведени се неколку смешни услови: кандидатите да се доволно способни физички лица и да имаат живеалиште и престојувалиште на територијата на РМ и да  достават Изјава за деловна способност. Поставени  се траги-комични критериуми за избор на лице на едно вакво одговорно место, кое во иднина ќе менаџира со најзначајните културни и спортски настани во нашиот град.Само за споредба, кога се распишува јавен оглас за вработување и на хигиеничар, задолжително се бара доказ за завршено образование -изјави Наташа Крстевска.

Од партијата сметаат дека ова е неодговорно играње со општинските пари од страна на локалната администрација, и прашаа дали на овој начин ќе се поставуваат партиски луѓе на високи и одговорни места, според инструкциите што ги слушнале од потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев?

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk