ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за конгресот во Куманово

29.04.2015 15:22 | KumanovoNews

При крај се подготовките за конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов ќе се одржи во Куманово и на кој партијата ќе избере нов лидер.

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за конгресот во Куманово

Ова е 15-ти по ред конгрес на партијата и за прв пат се одржува во Куманово.

“Куманово е сепак втор по големина град во Македонија и мислам дека заслужува една ваква манифестација да се одржи во Куманово. Меѓу другото, на конгресот се бира претседател на партијата. Кандидирањето на кандидатите за претседател сеуште трае. Можеби било кој да се кандидира, кој ќе собере потписи од 30 делегати, а вкупно има 560 делегати и слободно секој може да се обиде да биде претседател на партијата“ - изјави Драган Петковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Конгресот  на 2 и 3 мај ќе се одржи во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk