ВМРО - ДПМНЕ се заблагодари на гласачите

30.04.2014 12:32 | KumanovoNews

Од ВМРО - ДПМНЕ денеска на прес - конференција им се заблагодарија на граѓаните затоа што излегоа на избори и дадоа поддршка за Коалицијата “За подобра Македонија“ и претседателскиот кандидат Ѓорѓе Иванов.

ВМРО - ДПМНЕ се заблагодари на гласачите

- Вашата масовна и безрезервна поддршка за новите пратеници, како и за пратениците од Куманово е голема обврска која преку свое залагање и ангажман треба да ја исполнат во Собранието на Република Македонија. Обврската е во сите области преку институциите на системот да се залагаат за обезбедување на подобар живот на сите наши граѓани, без оглед на нивната етничка, политичка, верска или било која друга определба. Пратениците од Куманово да не заборават дека на најголемата локална самоуправа и еден од најголемите градови во Република Македонија треба да помагаат да си го добие местото кое го заслужува во државава - изјави Драган Петковски, претседател на ОК на ВМРО - ДПМНЕ Куманово.

Петковски вели дека овие резултати не се ништо ново, туку се повторување на волјата на граѓаните од минатогодишните локални избори.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk